речник контакт

Убиството во Ореше, ни по осум години без разрешница

Пресврти, животни драми, обвинувања, подметнувања а правосилна пресуда нема

Петар Печков

Убиството на старецот Лазо Милошевски ( 74 год) од велешкото село Ореше ниту по осум години од настанот ја нема добиено судската разрешница. Пет години откако полицијата се пофали дека ја разреши мистеријата за убиството, делото ги полни страниците на црната хроника.  Пресврти, животни драми, обвинувања, подметнувања а правосилна пресуда нема.

Според обвинението  Ѓоре Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени  по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење. Обвинителството првично сметаше дека убиството е извршено за 50 илјади долари, за потоа да ретерира и тврди дека е сторено  за 20 илјади долари.

Овој судски процес трае премногу долго. Нема сериозни докази за сериозно обвинение. За тоа сведочи и пресудата која се изрекува во Основниот суд во Велес, истата Апелација ја враќа. Делото има многу контроверзии. Еден од крунските докази, рамката од пушката со која наводно е пукано, тогаш заштитениот сведок прв пат ја спомнува во изјава на 5-ти ноември а таа е пронајдена на 10-ти октомври, месец дена претходно. Обвинетиот за нарачаното убиство Ѓоре Петровски нема решение дека тој е екстрадиран. Ова безуспешно го бараме две години, но писмен документ од американците во предметот не постои – вели адвокатот Коста Нојков, кој го застапува во овој предмет Петровски.

Американецот е рекордно во притвор четири години, во САД е уапсен на 17-ти јануари 2009-та година, по барање на Министерството за правда на Македонија. Според Нојков тој е депортиран во земјава на 27-јули 2011-та  затоа што немал регулиран престој во САД.  Американците не нашле ниту толкав проток на пари, дека тој исплатил кон Македонија, ниту листингот од телефонот го потврдувал разговорите  со наводните учесници во ова дело. Како истражен судија Валентин Зафиров  кој го водеше овој предмет  на почетокот, тој беше разрешен, откако излезе во печатен медиум  писмениот записник од сослушувањето на сведокот. 
       -  При барањето за издавање на потерницата за Петровски, повеќе служби со мене контактираа, еден од нив дури побара да ја одолговлекувам истрагата, откако јас веќе ја завршив. Објаснувањето беше, да се почека оти тој имал добриодноси со ФБИ, со ЦИА, со американците и дека бргу ќе го донесат Петровски до Америка. Смешно, го донесоа по две и пол години – вели сега адвокатот Зафиров. 

Тој веќе побарал да биде вратен како судија, оти смета дека бил незаконски разрешен, бидејќи сведокот во тој момент во декември 2008-та немал својство на заштитен сведок, тоа го добил дури по две години во 2010-тата година.  Иако со кодно има, Бреза,, тој беше познат на сите учесници во процесот, неговиот идентитет беше јавна тајна. Дури и обвинетиот Петровски во еден момент во судница го кажа со име и презиме. Откако не му биле исполнети материјалните услови, пари и вработување ,,Бреза,,се попишмани,, ја повлече изјавата со која обвинетите се товареа дека се сторители,  и сега тврди дека се невини.

 Додека беше заштитен сведок ,,Бреза,, добивал 22 илјади месечен надоместок плус 18 илјади кирија за станот во Скопје а бил на одмор во Св. Наум десетина дена фамилијарно, плус свеската. Во периодот кога се нафатил да биде заштитен сведок, Арсовски бил во затвор  со правосилна пресуда за три години, за разбојништво, оти со неколкумина пријатели од селото Ореше нападнаа селски поштар, го ограбија и со безбол палка го претепаа.

Во текот на претходните расправи, адвокатот Звонко Давидовиќ се посомневаа во изјавите на тогаш заштитениот сведок,,Бреза,,  дури и го посочи како можен сторител на делото, оти критичната  вечер на 2-ри декември 2005-тата кога е убиен Лазо Милошевски, имал спорно алиби. Бил дома сам во собата, што никој не можел да го потврди. Сега Давидовиќ му верува и бара одговорност за сите учесници во процесот.

Длабоко да се преиспита правосудството и бившиот јавен обвинител кој прв го дозволи овој сведок. да се преиспита работењето на судечкиот судија и советот, затоа што после ова излегува дека сите до еден се заканувале на заштитениот сведок и го монтирале процесот – вели адвокатот Звонко Давидовиќ. Така убиството на Милошевски, декември 2005-тата и натаму го бранува македонското судство, со пресврти, обвинувања а без да биде откриен  сторителот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »