речник контакт

Убиството и запалената амбуланта во Ореше ќе се судат одвоено

Одбиено барањето за припојување на овие два предмети

Петар Печков

Кривичниот совет при Основниот суд во Велес го одби барањето за спојување на двете дела каде како обвинет се споменува името на  Ѓоре  Петревски . Причината дека така делото ,,само  ќе се одолговлекувало,,.

Така в среда  на 23 април во Основниот суд во Велес ќе има две судења. Првото во 10 часот за заплената амбуланта во село Ореше  а во 11 часот за убиството на старецот од истото село. 

Таму во двете дела  како обвинет, како нарачател се јавува Ѓоре Петревски.  Претходно се бараше спојување на делата каде тој е обвинет,  за убиството и запалената амбуланта и двете во  селото Ореше. Ова се бараше  ,,заради ,,ефикасност на постапката,,. 

Четвртото судење за убиството во село Ореше никако да започне откако се бараше и изземање на двете судијки кои го  работат овој предмет,  оти тие учествувале во одлуки за  продолжуваат на мерките притвор на обвинетите, во раната фаза од судењето. Тоа барање беше одбиено. Имаше барање и од страна на судиите од Основен суд Велес за изземање на оваа институција од предметот, но тоа Врховен го одби.

Судењето пак за заплената амбуланта во селото Ореше никако да започне повеќе од една година иако имаше закажано седум рочишта. На нив секогаш некој од обвинетите не се појавува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »