речник контакт

Уверлива победа на ГРК Борец за разделба и осмо место во Супер Лигата

Велешани со 37:29 на домашен терен го совладаа вториот тим на Вардар-јуниор, повторно најефикасен Зоран Стојановски овој пат со девет гола

Петар Печков

Со убедлива победа од 37:29 (18:16) ГРК Борец го совлада РК Вардар Јуниор и се раздели за оваа спортска сезона 2017/18 од неговите навивачи. 

Иако почетокот на средбата во знакот на младите скопјани, во 20 минута водеа со три гола 9:12, домаќините прават серија од 7:2 и поведуваат со 16:14. Вторите 30 минути се  во целост на велешките ракометари за да во финишот стигнат и до највисокото водство од плус 8.

Со оваа победа ГРК Борец го зазеде осмото место во Супер лигата или второто во разигрувањето за опстанок, што е успех со оглед  на скратениот Буџет и осетно изменетиот состав од есенскиот дел.

Најефикасен во редовите на Борец беше Стојановски со  девет гола, исто толку кај гостите постигна Стефан Трпчевски.  Кај Борец пет гола имаше Минов а по четири Мачавелов, Јаневски и Николов. Во разигрвањето за опстанок ќе игра Прилеп 2010 со екипата на Струга од Првата лига.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »