Петар Печков
Објавено: сабота, 22 ноември 2014
Велешанката Весна Угриновска ги доби клучевите од станот кој и и се падна во седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“, реализирано на 30.06.2014. Станот што четиричленото семејство Угринвоски го доби е во населба Кисела Вода и е со 52,5 м2
Никогаш досега ми се нема паднато ваква голема награда. Имам играно ама немам добиено досега ништо - вели Угриновска. Та во тогашното извлекување испратила пет пликоа со фискални сметки.
Среќата на последниот ден од јуни годинава, одлучи токму ковертот со нејзините фискални сметки и податоци да биде извлечен, со што таа ја доби најпривлечната награда во наградната игра со масовно учество во Македонија.
Во просториите на Државна Лотарија на Македонија, Весна ги доби клучевите од својот нов станбен простор.
Во наградната игра учествувала во секое коло, но не очекувала дека ќе освои било каква награда. Токму поради тоа и изненадувањето било огромно.
Tweet |