Петар Печков
Објавено: недела, 01 мај 2022
Удар на гром опожари стан во Велес,а две лица завршија во болница поради вознемиреност. Громот кој удри околу 14,30 ч. во стан од поткровје на зграда во улица Никола Карев бр.3. спроти училиштето ОУ Васил Главинов. Станот во тие моменти бил празен.
„Околу 14,30 часот гром удрил во зграда ,по што пожар го зафатил станот во потковјето. Тој во тие моменти бил празен. Интервенирала екипа а на ТППЕ Велс со три возила и 12 пожарникари. Пожарот е локализиран во 17ч. Жртви нема, има материјална штета“.- соопштија од Ценаторот за управува се со кризи. Била побарана интервенција на екипа на Итната помош.
„Помош побарале татко и син, кои живееле во соседниот стан, но не поради задушување туку поради силна вознемиреност, дадена им е неопходна терапија и се префрлени на Интерно одделение од велешка Болница“-кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош од Велес .
Од велешката Болница потврдија дека се примени двајца пациенти поради последиците од пожарот.
„Двајцата повредни се прифатени на Интерно одделение. Дадена е -потребната здравствена грижа, немаа сериозни повреди, туку само вознемиреност поради пожарот во соседството“- изјави д-р Елена Левкова Ќуклумова, портпарол на велшка Болница.
Попладнево од 14 до 15ч, Велес и велешко го зафати невреме проследено со,пороен дожд и удари од гром.
Tweet |