Петар Печков
Објавено: среда, 03 април 2024
Од средата 27 март, укинат е патничкиот воз кој наутро поаѓаше од Скопја за Гегвелија а попладне се враќаше. Во соопштението објавено на веб страната на АД МЖ Транспорт нема детали зошто возот е укинат, ниту дали и кога може да се очекува повторно да сообраќа.
„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март среда, до следно известување нема да сообраќаат патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“ – пишува во соопштението.
За Гевеглија останува да вози единствениот патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16,55 а од Велес во 17,47 а од Гевгелија во 4,40 ч. во Велес беше во 6,27ч. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови и двата електрични.
Од пред една седмица АД МЖ ТРанспорт ги врати во сообраќај двата патнички воза од Скопје за Битола и назад, кои беа расипани и четири месеци вон употерба. Сите патнички гарнитури кои сообраќаат во земајва се од кинеско произвдство а пуштени во сообраќај 2015-та.
Поради немање на доволно локомотиви и патнички гарнитури, од мај 2021 не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.
Tweet |