Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 септември 2011
Врховниот суд ја укина пресудата со која велешанец беше осуден за ширење на малолетничка порнографија преку интернет. Пресудата со која Основниот суд во Велес е изречен затвор од 18 месеци а Апелациониот суд од Скопје ја потврди, е поништена и вратена на првостепена постапка.
Со неа Јованче Бојаџиев ( 41 год) беше прогласен за виновен дека пуштил во јавноста порно клип, со две сестри со кој имал секс, од која едната во тој момент била малолетна. Тој се снимал со девојките додека имал сексуален однос во 2006-тата додека помалата девојка има 17 години. Истата снимка била пуштена во јавноста во 2008-та.
Обвинетиот Бојаџиев се бранел дека мобилниот со порно клипот му бил украден во 2007-та од непозната сторител, кој потоа истиот го пуштил во јавноста. Тој во полиција пријавил дека мобилниот му е украден дури во 2009-тата година. Летото 2008-та порно клипот беше голем хит меѓу велешани а девојките по излегувањето на снимката во јавноста, беа избркани од работа.
Ова беше прва пресуда во Македонија за пуштање на малолетничка порнографија по интернет, која сега е укината а наскоро ќе започне ново судење.
Tweet |