Петар Печков
Објавено: вторник, 24 октомври 2023
Од среда 25 октомври, нова редукција на железничкиот патнички сообраќај во Македонија. два од трети воза кои сообраќаат од и кон Битола се укинуваат. МЖ АД Транспорт не даваат објаснување, зошто се одлучиле на овој чекор.
„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот“ - соопштија од МЖ АД Транспорт.
Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување.
Во пракса тоа значи дека утринскиот и вечерниот воз од Велес за Битола не сообраќаат, како и пладневниот и вечерниот од Битола за Скопје. Од Велес за Битола има во 15,25 а од Велес за Скопје, кој поаѓа од Битола е во 5,46ч.
Пролетва поради малиот број на патници, 10 железнички стојалишта и станици беа укинати, патничките возови кон Битола и кон Гевгелија, не запираат.
Од почетокот на годинава не сообраќаат патнички возови до Табановце и назад а две и пол години нема патнички воз до Кичево и Кочани. Така сега во Македонија сообраќаа по еден патнички воза од и до Битола, по два од и до Гевгелија и по три од и до Велес.
Tweet |