Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 септември 2015
Шеесет и еден мини лап топ се украдени од велешкото Основното училиште Св. Кирил и Методиј. Кражбата бил откриена утрово, кога вработените дошле на работните места. Крадецот или повеќе од нив, работеле незабележано и вешто, па никој не ги видел ниту како влегле, ниту како излегле а да изнесат при тоа вредна техничка роба.
Кражбата е извршена во периодот од недела напладне, околу 14 часот до понеделник наутро 6 часот, кога вработените дошле на работа. Сторителот влегол преку влезната врата која ја обил со подесен алат. Потоа насилно, со кршење на брави, отворил шест училница кои биле заклучени и од нив ги одзел мини лап -топите, вкупни 61 на број. Потоа со украдената стока го напуштил школото - изјавија од СВР Велес.
Додаваат дека не е познат часот кога е извршена кражбата. Увидна екипа на велешката полиција била на местото на кражбата и се работи на откривање на сторителот/те.
Tweet |