речник контакт

Украден железнички бакарен кабел кај станица Згрополци

Двајцата крадци, прилепчани уапсени во Градско а во автомобилот пронајден бакарниот кабел

Петар Печков

 Бакарни сигнални кабли биле украдени вчеравечер на железничката станица Згропилци. Кражбата веднаш била  регистрирана  во диспечерскиот центар на Македонски железници Инфраструктура, по што на лице место биле упатени вработени. Кога тие доаѓале кон станицата, забележале дека возило со голема брзина ја напуштило локацијата, која вообичаено е празна и без посетители.

Откако железничарите  откриле дека има извршено кражба, веднаш ја информирале полицијата. Нејзини службеници среде населба Градско го сопреле претходно опишаното  возило, во кое биле две лица од Прилеп. При претресот пронашле исечен бакарен кабел кој служел за сигнализација и за одвивање на железничкиот сообраќај.

Поради кражбата железничкиот сообраќај, до утрово, додека треала замената на кабли, на релацијата Велес – Градско се одвивал ао забавено движење од возовите. Од СВР Велес информацијата за кражбата.

„На 26 август  во 21.30 часот во СВР Велес лишени од слобода се лицата Д.И (41 год) и Н.А (33 год) поради постоење на сомнение дека истите уништиле и оштетиле јавна инсталација на Македонски Железници Инфраструктира на железничка пруга Велес- Градско, во близина на фабрика ХИВ“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »