речник контакт

Украдена плочата на Прличко од неговата биста

Не е познато кога таа е украдена

Петар Печков

Од бистата на Петре Прличко, украдена е плочата со името и презимето на уметникот.  Не е  познато кога таа е украдена, ниту пак е познат сторителот. На прашањето поставено до велешката полиција од  23 ноември, тие  одговорија дека никој од надлежните досега ги нема информирано дека на бистата има украдена плоча.

 И од локалната власт,  во чија надлежност се  спомениците, не знаеја дека  е сторено вакво нешто. Нив никој од задолжените за одржување  на спомениците во општината, ЈКП Дервен и Народниот музеј, ниту пак од театарот во соседството, не ги информирал за кражба, ниту  пак комуналниот редар забележал дека плочата е украдена.  Градоначалникот најави поставување на нова.

Овој чин на кражба на плочата со името на нашиот сограѓанин, и гордост на Велес, Петре Прличко е за  осуда. не можам да го разберам сторителот, со која мисла и кои пари го сторил ова дело. Ќе поставиме нова, адекватна, која нема да биде мамка за крадците - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.   Плочата е најверојатно украдена бидејќи беше од месинг и завршила некаде во отпад, продадена за мали пари. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »