Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јануари 2016
Во неделата во СВР Велес во СВР Велес пријавена е кражба во викенд куќа лоцирана во м.в. „Карасларска Чука“ атар на село Караслари, сопственост на 62-годишен жител на Велес.
Засега непознатиот сторител влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата, преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории.
Од таму одзел околу 350кг. ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, одзел една вреќа во која имало околу 10кг. бакар, по што заминал во непознат правец. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес изврши увид на лице место, се презвемаат мерки за расветлување на случајот.
Tweet |