речник контакт

Украдени 750 метри шини и 1,3 км кабел

Во повеќе наврати, тројца арамии од Велес краделе од железничатка станица Теово

Петар Печков

Велешката  полиција уапси тројца крадци на метални делови од пругите на Македонски железници и им поднесе кривични пријави  за тешка кражба  и загрозување на безбедноста на сообраќајот. П.Н. (30) , Д.М. (30) и А.А. (25) сите тројца од Велес во повеќе месечни кражби исекле вкупно  746 метри шини и 1,35 км кабел во близина на железничката станица Теово. со што ја оштетиле ЈП МЖ за 3 милиони денари

Тројцата крадци биле фатени на 23 февруари годинава на месноста  Долги Рид во близина на населба Превалец како со патнички автомобили марка „Тико“ и „Опел Астра“ превезуваат исечени шини.  Според СВР Велес пријавените во четири наврата од  железничкото стојалиште кај село Теово, со подесен алат,  сечеле кабел кој е наменет за телекомуникациски врски и регулирање на железничкиот сообраќај помеѓу станиците Велес и Богомила.

Така арамиите   ја загрозиле безбедноста на сообраќајот како и животот на железничките работници и корисниците на железнички услуги. П.Н. и А.А претходно се пријавувани за кривични дела против имотот за што им се изрекувани условни  затворски казни.  Во Велешко често се случува да се крадат шини а полицијата во неколку наврати фати крадци. Најголемата досега беше кражбата на шини во близина на Лозово  од пред три години кога беа украдени 300 метри.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »