речник контакт

Улицата Благој Ѓорев без сенка, дрјвата искастрени до стебло

Велешани лути на ЈКП Дервен што годинава ги искастри липите, па главната улица Благој Ѓорев е без сенка.

Петар Печков

 Со тоа им е скратена можноста за шетање и барање ладовина од пеколните температури. Минувачите велат дека липите се искастрени лошо  и годинава нема да бидат употребливи, објаснувајќи дека иако минале 3-4 месеци тие не се разгранети. Од ЈКП Дервен објаснуваат дека место за паника нема, дрвјата се во ред.

Нема никаков проблем или заболување на липите како резултат на кастрењето. Дрвјата беа искастрени рано оваа пролет, и по периодот на прилагодување, деновиве тие се веќе разлистани, а неколку од нив веќе и расцветани – објаснуваат од РЕ Паркови и зеленило при ЈКП Дервен.

Од таму и објаснување за исушените липи и празните места на улица Моша Пијаде, кај управната зграда на АД Жито Вардар и општина Велес потребно било Месната заедница да достави барање за обнова на дрвјата кои се исушени, оштетени и искорнати на овој простор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »