речник контакт

Улицата пред Жаба зграда чека асфалтирање по поправката на базата на Гранит

Расипаната база на ГП Гранти ја одолговлечи работата

Петар Печков

Наспроти најавите дека бргу ќе се заврши асфалтирањето на улицата Тодор Хирстов Офицерчето, делот пред Жаба зграда, тоа нe се случи.

Остана изгребана, без асфалт. За станарите од соседните куќи, Жаба зграда  но и  родителите кои ги остават или земаат децата од клонот  ова е непријатност.

 Црнила од изгребанито асфалт, по секое минување на автомбоил крева прашина, создава облак. Тоа не е здраво, пред се по децата кои тука одат за на училиште или градинка, но и за сие анс.  Нејзие ја нсоием дома. Требаше да се заврши за два три дена, иам излегоа десетина - велат жителите од оваа улица.

Проблемот бил до изведувачот, информираа  од локалната власт и најавуваат скоро продолжување и извршување на асфалтирањето.

Асфалтот беше изгребан, се поставија подземните инсталации  но поради неработење од дефект  на асфалтната база на ГП Гранит, тие не се во состојба да ги продолжат работите.  Таа и соседната улица Оливер Китановски  се истампонирани и останува кога ќе се отстрани дефектот на базата да се асфалтираат двете улици . ГП Гранит ги доби овие работи  на тендер и не  можеме да го менуваме изведувачот. Објаснија дека од почетокот на следната седмица ќе ги продолжат градежните работи - рече градоначалникот Чадиев.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »