Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јуни 2022
Тргнаа ултра маратонците од Велес до Лопушник, местото на погибјето на Коста Солев Рацин. Утрово Зоран Димов, Трајче Михов Верољуб Додевски заедно со кумановецот Љубиша Андреиќ, треба да истрчаат 150 км за пет дена или според планот по маршрутата по 30 км на ден.
Тие на Лопушник треба да стигнат понеделник на 13 јуни, денот кога Рацин е застрелан. Овој ултра маратон е една до содржините на градот Велес, со кој се одбележува 79 од смртта на поетот и револуционер Рацин.
За в недела 12 јуни е предвиден и планинарски марш кој започнува од Велес а планинарите ќе одат пеш од кичевски Извор до Лопушник.
Недела вечер пак од 19 ч. ќе започне атлетска трка „Трчаме за Рацин“. Ќе се трча на 5 и 10 км, пријавени биле 350 учесници. Стартот е од пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата преку улица Благој Ѓорев, кај Пошта се трча по ул. Алексо Демниевски Бауман, кај Бензинска на Макпетрол се трча пред ЕВН по улица Наум Наумовски Борче, кај Панини повторно се враќа на Благој Ѓорев.
Патеката е кружна и долга 1.55 км. Оваа трка се поместува од 9-ти Ноември, Денот на ослободувањето ан Веле, за овој период, поради временските услови. По завршувањето на трката ќе има станд ап со Бојан Велевски
Tweet |