речник контакт

Унгарец слета со камионот во провалија од 20 метри

Телото сеуште во кабината, неизвесно кога ќе биде кренат камионот

Петар Печков

 Унгарски камион излета од автопат близу Велес, од мостот  кај  Дурутовец  од провалијата висока 20 метри, и незивесно е кога и како ќе биде извлечен возачот, унгарски државјанин.

Страшна е глетката  на местото на несреќата, мостот без ограда, камионот сплескан а околу него растурен компотот  од кајсии кој од Грција го превезувал за Унгарија. Камионот е марка сканија за која имало прикачено и приколка. Од нив малку се знаеше што е останато, бидејќи падот  го уништиле возилото.  

Операција на кревање на камионот  ќе биде мошне тешка, оти возилото  кран  кое треба да го  подигне камионот е тешко и не може да се постави на мостот. Опасно е по  безбедноста и стабилноста на мостот - велат добро упатените во  оваа проблематика.  

Истрагата е пред сериозна задача, треба да ги откријат причините за несреќата, како  и зошто возачот ја пробил оградата и од левата страна на мостот слетал во провалијата иако само десната коловозна лента е за сообраќај. Помеѓу нив двете има железни пречки.  Од  полицијата оставаат истрагата, која ја води јавен обвинител и   претставници на СВР Велес да откријат како дошло до несреќата.

Од засега непознати причини камионот  излетал од коловозот и слетал во провалија во ниско стеблеста шума. Се превземаат мерки за  извлекување на возачот од возилот. По целосно извршување на увидот и  спроведените анализи од ќе бидат познати причините за несреќата - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Тие не   го  откриват  идентитетот на возачот, кој е сеуште во кабината, ќе го соопштат откако камионот ќе биде подигнат од местото  на несреќата.  

Во саботата се случи слична несреќа, кога автомобил слета на железничка пруга. Дваесетиедно годишно  момче од Ногаевци во 5,30 часот со неговиот автомобил излетал од регионалниот пат Велес - Градско, кај местото викано Венуле. Автомобилот марка ,,сеат,,  паднал на железничката пруга Велес - Гевгелија, автомболот е сериозно оштетен додека возачот минал со полесни повреди. Тој утрото се враќал дома за Ногаевци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »