речник контакт

Унгарскиот моторист се забил во задниот дел од камионот во тунелот кај Катланово, кој бил неосветлен

Возачто почина на лице место, совозачката минала со полесни телесни повреди

Петар Печков

МВР со информација за сообраќајката, која се случи вчера, понеделник попладне во тунелот кај Катланово. Во неа смртно настрада унгарски граѓанин, возач на мотор, откако се забил во камион. Сопатничката на моторот е  во велешка болница со полесни повреди.  Тунелот во тој период според сведоците бил во мрак, немало осветлување.  

„На 26 јуни во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес- Скопје, после влезот во тунел Стража- Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26 год) од село Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70 год) од Унгарија. На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68 год) од Унгарија, констатирани во Општата болница Велес“ - соопштија од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »