Петар Печков
Објавено: среда, 30 јануари 2019
Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.
Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, при што се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.
Од велешката ЈЗУ Општа Болница портпаролот Марина Андова информираше дека утрово, околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години. Двајцата биле амбулантски третирани од лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата.
Tweet |