Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 јануари 2023
Во два одвоени случаи викендов, велешката полиција, уапсила лица кои се сомичат дека извршиле кражба. Фатени биле на дело, кога го вршеле дејствието.
„На 15 јануари во 3 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.К.(40 год) од Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил кражба во патничко возило, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот“ - соопштија од МВР.
„На 14. јануари во 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.А.(50 год) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќа на ул.„Благој Ѓорев“, сопственост на Д.Ч.(52год) од Велес“ - информираа од МВР.
И во двата случаи лицата биле задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |