речник контакт

Упасен велешанец кој превезувал 21 мигрант во камион

При обидот да биде сопрен Е.Н. со возилото се дал во бегство

Петар Печков

Ноќеска  близу до Неготино, полицијата уапсила велешанец кој превезувал мигранти. Тој се обиделе да избега, но бил лишен од слобода.  

 „Во 02.25 часот  на 8 ноември,на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41 год) од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода“- соопштија од МВР.

Мигрантите биле спроведени во прифатно- транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против уапсениот Е.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »