Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 август 2026
Од билтенот на велешка полиција за изминатите денови, три настани.
На 22 август и 23 август во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Е.А.(35 год) и Н.Н.(36 год), двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73- годишна велешанка одзеле накит. (во информацијата не се наведува кој ден била пријавата за сторената кражба и дали е од значителна вредност)
На 21 август во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Б.М.(66 год) од село Јакимово, виничко, затоа што на Железничка станица во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Б.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,45 промили алкохол во крвта.
На 20 август во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82 год) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период.
| Tweet |




