речник контакт

Упасени четворица велешани, под сомнение за поседување на дрога

Вчера, понеделник уапсени биле уште две други лица, во акции, кои не се поврзани меѓусебно

Петар Печков

Полицијата вчера, понеделник, попладне извршила претрес во домовите на двајца велешани, при што нашла дрога и дигитална вага, а кај едното лице и пиштол. Деталите за  акцијата од информацијата на  СВР Велес.

„На 10 јуни околу 16  часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49 год Л.Л.(37 год), Р.С.(32 год) и С.Л.(29 год), сите од Велес. При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол Екол“- информира Тања Ѓуровска од СВР Велес. 

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив полицијата најавува дека  ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

СВР Велес со дополнителна информација, дека вчера, понеделник биле упасени уште две лица за кои постои сомневање дека поседувале дрога.

На 10.06.2024 во 10 часот на ул.„Петар Алчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(42 год) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 10.06.2024 во 12.30 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(40 год) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »