речник контакт

Урбана недисциплина во централното подрачје на Велес

Киоск поставен без дозвола, тезги за зеленчук и овошје на центарот на градот, граѓаните реагирааат надлежните ветуваат почитување на законот

Петар Печков

Урбаниот хаос во градот продолжува велат велешани откако на две различни локации во градот преку ноќе се поставија нелегален времен објект  и тезги на најфреквентната улица во Велес.  Станарите од улица Благој Ѓорев 87  се револтирани откако пред седум дена , рано наутро во нивниот двор е поставен киоск, за кој тие тврдат дека сопственикот нема дозвола.

И покрај укажувањата до локалната власт дека ќе се случи оваа поставување, таа не презела никакви мерки да  се спречи. Тие се лути што и по толку време од нивната реакција не е преземено ништо од страна на општинските власти, да не се случи дивото поставување на објектот.

Минаа два месеци од нашето писмено известување, дека се подготвува поставување на киоск во дворот од зградата, сега тоа и се случи.  Локаланата власт не презема никакви мерки да го санкционира ова незаконско однесување. Одолговлекувањето на решавањето на овој проблем придонесе за узурпација на  државно земјиште. Сопствениците на киоскот  се повикуваат дека добиле усна дозвола и затоа го поставиле.  Какво е ова однесување и каква  порака праќа локалната власт со толерирање на дивоградбите. За овој проблем градежниот инспектор е известен неколку пати, за што има и записник составено   – велат станите од улицата Благој Ѓорев 87 . 

За ова дејствие тие  поднеле кривична пријава за сопствениците, за дивоградба.  На друга локација во градот, во центарот на Велес  од почетокот на  месецот се отвори пилјара, кој постави тезги на главната  улица 8-ми септември. Така сега спроти споменикот на Илинденците на неколку метри  од  ,,Коњот,, , велешани можат да видат вреќи компир, кромид, бостан и друг емиш и зарзават.

Откако претходните локални власти успеаја од излозите на месарите во центарот да ги  отстранат свинските глави и јагнешките цревца, сега ни се нуди нешто единствено. Во најстрогиот центар на Велес на тротоар се продава овошје и зеленчук. Не знам кој дал дозвола на вакво е место ова да се нуди, но сигурно згрешил. Во околината се банки, салони за мобилни телефонски компании, аптека, нотар а меѓу нив компири и кромид. Ова е исто како на Ристиќева плата  во Скопје некој да се реши на тротоар да продава овошје и зеленчук – велат велешани. 

Градоначалникот на Велес најави решавање на овие проблеми, но откако надлежните ќе ги констатираат реакциите на граѓаните.

Во однос на поставениот киоск, немам добиено официјално ништо од страна на граѓаните кои реагирале. Откако ќе го добијам, локалната власт и службите ќе постапат согласно законите. За тезгата во центарот на градот таа е  диво поставена даден  е рок да се  отстрани. Истиот тој, сопственикот  е  казнуван затоа што на друго место исто така продавал на отворено без дозвола – изјави градоначалникот Чадиев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »