Петар Печков
Објавено: вторник, 24 март 2020
Поставена е урбана опрема и спортски реквизити во училишните дворови на училиштата во Горно Оризари и Башино Село.
Оваа активност дел од проектот на Центарот на активни граѓани Активо „Вклучување на жените од руралните средини во креирање на локални политики“ а финансиран од Европската Унија.
Проектот ги идентификувал потребите на жените во Горно Оризари и Башино село, кои во голем дел биле насочени кон задоволување на потребите на децата во овие рурални места.
Активноста финансиски е реализирана со средства во висина од 200 илјади денари од Општина Велес.
Tweet |