Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јули 2016
Со почетокот на туристичката сезона,заврши уредувањето на крајбрежјето на езерото Младост. Простор на околу 1,7 илјади метри квадратни доби нов лик, се постави урбана опрема за одмор на велешани и гостите. Тие се поставени по должина на двете претходно уредени пешачки патеки.
Поставени се 60-тина летниковци на 11 пунктови а поплочен е дел од околината. Поставени се и столпчиња кои треба да ги сопрат несовесните возачи да овие површини ги користат за паркирање, иако се поставени знаци дека е забрането.
Реализацијата на овој проект ќе придонесе за развој на транзитниот туризам на езерото Младост, како атрактивна дестинација за туристите и посетителите од земјава и странство. Фактот што по автопатот Е-75 годишно минуваат околу 4 милиони туристи налага активности за развојот на туризмот во негова непосредна близина - изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Тој најави дека наскоро овој простор ќе биде и осветлен, и на некој локации дека ќе се постават скари, кои гостите ќе можат да ги користат. Исто така и подвижни санитарни јазли но и ангажирање на комуналец кој преку летото ќе го одржува и чисти овој простор и хигиената таму. Чадиев најави дека за да може крајбрежјето да биде максимално искористено, да се реши и паркинг просторот во близина на летниковците.
Активностите се дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во висина од 5.8 милиони денари, додека локалната власт го платиле ДДВ-то. Во рамките на проектот се поставени на 88 клупи, 29 маси, 31 корпа за отпадоци и 41 настрешница.
Езерото Младост вештачка акумулација во близина на Велес, со својата атрактивна локација секоја година привлекува голем број туристи и посетители од Велес, Скопје но и транзитни туристи на пропатување од и кон Грција.
Tweet |