Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 декември 2017
Советниците на денешната седница го усвоија Буџетот на Општина Велес за 2018-та година , кој е во висина од 900 милиони денари. За него гласаа советнците од коалицијата на СДСМ, додека опозицијата иако беше присутна во салата, не гласаше ниту дискутираше. Буџетот за следната година е помал за околу 60 милиони денари од годинашниот.
Причина што Буџетот е помал за еден милион евра од годинашниот и претходните, е што тие биле нереалани. Повеќе список на желби отколку реални финасиски планови. Основниот Буџет едвај се полнел со пари од различни приливи, со околу 53% што е ниско исполнување. Затоа се трудевме да направиме реално планирање. Ова со цел да го подигнеме кредитниот рејтинг на Општина Велес, во случај ако има потреба да зема кредит и да го зголемиме угледот кај странските донатори и кај домашната јавност. Средствата се определени со програмите кои претходно беа донесени во повеќе области, а по пат на јавни расправи -објасни градоначалникот Аце Коцевски.
Основниот Буџет најмногу ќе се полни од надоместок за уредување на градежно земјиште, од данокот на имот, наследство и подарок. Ќе се троши за комуналната инфраструктура. Коцевски додава дека за идниот Буџет биле предвидени ставки со кои треба да се исплатуваат долговите.
Предвидовме позиции за враќање на долгови од минатите години. Со рационално и штедливо трошење пари, за овие два месеци успеавме да вратиме или исплатиме долг од 800 илјади евра. Остануваат уште два милиони евра, долгови за враќање. Така ќе биде и натаму, ќе ги враќаме долговите а со тоа што ќе остене ќе градиме, како и со средства од меѓународни донатори, за што побргу финасиски да ја стабилизираме Општината - рече Коцевски.
Tweet |