Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јануари 2017
Петмина велешани добија условни затворски казни, оти украле ракија, месо, пинџур, пиперки и бакар од викендичка на велешанец.
Љуан Ајрулов, Себастијан Сулејмановски, Рамо Мемиши, Султан Имини и Елвис Бајрамовски беа прогласени за виновни во Основен суд Велес, за кривичното дело ,,тешка кражба,, каде им е изречена една година затвор која ќе се изврши ако во следните три сторат ново кривично дело.
Имаат и обврска да ја платат штетат од 48 илјади денари, која ја сториле при кражбата. Делото било сторено во периодот помеѓу 21 – 25 февруари 2015 година, кога обвинетите Љуан, Себастијан, Рамо и Султан по претходен заеднички договор со кршење влегле во подрумот од викендичката на оштетениот, во близина на Градско.
Ја скршиле бравата, влегле во куќата и одзеле: сто литри жолта ракија, 60 кг. свински и телешко месо, замрзнати пиперки и пинџур и бакарни и метални предмети, севкупно во вредност од 48 илјади денари. Дел од украдените метални предмети се најдени во домот на обвинетите, дел од ракијата и месото. Пресудата е правосилна.
Tweet |