речник контакт

Условна затворска за кираџијата кој ја продал комплетната покуќнина на сопственикот

Кираџијата си однел: фрижидер, замрзнувач, електричен шпорет и ќумбе на дрва, машина за перење, машина са сушење, телевизор, судопер, спална со лежај, три теписи

Петар Печков

Орхан Елезов од Велес (43 год)  е осуден оти на сопственикот на куќата каде живеел под кирија, му ја продал комплетната покуќнина и му направил штета од 85 илјади денари.  

Тој доби условна затворска казна од  три месеци затвор, откако беше прогласен за виновен  ако во следната година направи ново кривично дело.  Елезов во временскиот период од 8-ми октомври  2014 до 20-ти март 2015 година, противправно за себе присвоил туѓи предмети кои му биле доверени.

Откако поради неплатени сметки за  струја и вода, со судска пресуда договорот за под заем бил раскинат, по што   потстанарот  Орхан морал да  се исели. По неговото заминување, сопствениците, кои биле велешани а живееле во Скопје, кога дошле имало што да видат. Двата ката од куќата која имала 38 квадрати, биле празни.    

Елезов во меѓувреме се отселил, но и ја испразнил, одзел: фрижидер, замрзнувач, електричен шпорет и ќумбе на дрва, машина за перење, машина са сушење, телевизор,   судопер, два висечки  креденци, трпезариска маса, четири стола,  по два сервиси за ручање и за кафе, спална со лежај,  три теписи, ситни домашни кујнски апарати.  

Со пресудата, која е  правосилна Орхан има обврска да ја плати штетата до 85 илјади денари. Елезов се бранел дека кога се доселил куќата била празна и дека тој сам ги донел сите работи во домот а во договорот со сопственикот никаде не било впишано, што има во куќата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »