речник контакт

Условна затворска казна за Зекиров кој со камен удри полицаец во глава и го онесвести

Настанот се случи минатото лето на Рамина а обвинетиот бил лице со умерена попреченост

Петар Печков

Велешанецот  Бесим Зекиров (23 год)  доби условна затворска казна за напад врз полицаец.  Тој ќе лежи затвор во траење од шест месеци ако  во рок од две години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Зекиров во Основен суд Велес  беше прогласен за виновен за кривичното дело ,,Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста,,.

Настанот се случи   16-ти јуни минатата година, околу 18:10 часот на ул. Благој Страчкоски, на месноста Рамина, кај место викано  Плочата. Според обвинението   Зекиров   го нападнал полицаецот С.Ј. при вршење на работи на јавна безбедност и притоа телесно го повредил.

По повик  поради нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем, на местото дошла екипа на СВР Велес, оти   во инцидентот учествувале  обвинетиот со неговиот брат  и неговиот татко. Полицаецот С.Ј  им дал наредби да престанат по што Зекиров  во еден момент со камен кој го земал од земја и намавнал на друг полицаец,  а оштетениот за да го спречи нападот го фатил обвинетиот со двете раце, па откако успеал да се оттргне Бесим со каменот го удрил полицаецот  на десната страна на главата по што изгубил свест и паднал на земја од што здобил телесна повреда.

Во бессознание бил пренесен во велешката Болница а Зекиров побегнал. Бил фатен неколку дена подоцна.    Судот се решил на условна затворска казна оти   обвинетиот според психијатриското  вештачење  е лице со умерена попреченост во психичкиот развој што датира од раното детство и дека и со примена на најсовремени церебропротективни медикаменти не се очекува подобрување на неговата состојба односно зголемување на коефициентот на интелигенција, па судот утврдил дека во конкретниот случај со изрекување на мерка на безбедност Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа или Задолжително психијатриско лекување на слобода не може со сигурност да биде отстранета опасноста обвинетиот повторно да стори кривично дело. Во моментите на сторувањето на делото Зекиров бил во состојба на битно намалена пресметливост. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »