речник контакт

Условна затворска казна за велешанец кој шетал во период на полициски час

Основен суд Велес изрече 14 парични казни од по 800 евра

Петар Печков

Основен суд Велес информираше дека изрекол 14 парични казни со кој на обвинетите им се изрекува глоба од 800 евра, 40 дневна парична казна од  по 20 евра од ден. Овие казнени налози се изречени по барање на ОЈО Велес.

Во еден случај велешкиот суд изрекол и пресуда со која на обвинетиот му изрече алтернативна мерка - условна осуда, така што утврдената казна затвор во траење од 3 месеци, нема да се извршува доколку обвинетиот во време од една  година не стори ново кривично дело. 

Сите овие 12 лица се обвинети дека за време на пандемијата како епидемија од глобални размери не ја почитувале Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ.

Овие 15 лица кривично се гонеа за делото  „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Претходно парични казни добија и четири други лица. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »