Петар Печков
Објавено: среда, 12 декември 2018
Велешанецот Насер Зекиров ( 20 год) доби условна затворска казна за сообраќајка во која едно лице починало. Судијата Дејан Перчинков од Основен суд Велес му изрече две години затвор кои ќе ги одлежи ако во следните пет го повтори делото. На Зекиров ќе му биде одземена и возачката дозвола. Тој го призна делото ,, тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот,, низ солзи изрази каење и жалење за стореното.
Не сакав да го сторам, ми се наруши здравјето по сообраќајката, немам сон - рече Зекиров. Тој со обвинението се товареше оти возел после 23 часот а имал само 18 години, дека возел автомобил со поголема сила од 77 кубика, возел со 100 км/ч што е поголема брзина од дозволената. Сообраќајката се случи на 20 јуни во 23,05 ч.
Hа автопатот А1 - делница Градско Велес после наплатна рампа, кога Зекиров со автомобилот „Мазда 626“ одзади удрил во Ситроен АХ“ со кумановски регистарски таблички управуван од Драган Стоиљковиќ ( 42 год) од село Псача Крива Паланка. Според вештачењето Стоиљковиќ возел технички неисправно возило, тој немал положено за возачка дозвола, на автопат возел со брзина од 23 км/ч. бил во состојба на тешко пијанство и присуство на алкохол од 2,71 промил, а возилото не било регистрирано.
Тој не бил врзан со сигурносен каиш, и кога бил удрен од позади автомобилот ,,Цитроен,, кој го управувал се превртел на кров а возачот Стоиљковиќ излетал од возилото и од здобиените повреди починал на лице место. Обвинителката Гордана Тодорова во завршниот збор констатираше дека и двајцата возачи сториле пропусти при управувањето на моторните возила и двајцата се одговорни за сообраќајката. Бранителот на обвинетиот адвокат Ивица Ефремов побара поблага казна за неговиот штитеник, оти бил млада личност и семеен човек со малолетно дете, а за сообраќајката двајцата возачи сносат вина.
Tweet |