речник контакт

Условна затворска казна за украдени 61 мини лап- топ

Мартин Ѓеоргиев (22 год) и Васко Петров (24 год) ја признале вината дека тие ги украле овие мини лап-топи

Петар Печков

Условна  затворска казна за двајца крадци на 61 лап топ од ОУ  Св. Кирил и Методиј. Мартин Ѓеоргиев (22 год) и Васко Петров (24 год) ја признале вината дека тие ги украле овие мини лап-топи, по што во Основниот суд во Велес изречена им е алтернативна мерка од 10 месеци затвор ако во следните три години сторат ново кривично дело.  

Кражбата за која се осудени се случи ноќта помеѓу 6 -7-ми август минатата година кога  по претходен договор и заедно, со провалување, влегле во од Основното училиште  Св. Кирил и  Методиј. Се качиле на катот и  од две училници каде вратите ги отвориле насилно со туркање, одзеле   61 мини лап-топ компјутери марка Комтрад.  

И Петров и Ѓоргиев биле поранешни ученици во училиштето од каде ги украле мини лап –топите.  Кога велешката полиција ги открија ајдуците, кај нив дома ги пронашла украдените предмети, по што тие се вратени на училиштето.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »