речник контакт

Условна казна затвор за скопјанка која измамила осум лица со два милиони денари

Таа на повеќе лица од Росоман и Велес, им ветувала дека ќе ги вработи како маркетинг агенти во градежна фирма, измамила дека продава станови и дека ќе помогне при изгрдба на ладилник

Петар Печков

Скопјанката Розмари Стојковска, магистер по економски науки доби условна затворска казна за  измама вредна  два милиони денари. Стојковска беше прогласена за виновна во Основниот суд во Велес за кривичното дело измама и доби казна затвор од две години, ако во следните четири не стори кривично дело.   Според обвинението во временскиот период од  јуни до октомври 2012-тата  година, искористувајќи ги пријателските односи со една од оштетените, со лажно прикажување на факти  ги навела оштетените да  и  исплатат парични средства во висина од околу два милиони денари.

Таа на повеќе лица од Росоман и Велес,  им ветувала дека ќе ги вработи како маркетинг агенти во градежна фирма, но за тоа требало да и платат по 8.000 денари за обука и 20.000 денари за лиценца и при тоа им дала да потпишат договори за маркетиншки и рекламни услуги. На ова оштетените поверувале  и некои и дале 8 други 28 илјади денари.  Истите ниту биле повикани да посетуваат обука, ниту добиле сертификати, ниту пак почнале да работат како маркетинг агенти.

 Стојковска  лажно ветувајќи им на две лица, татко и ќерка од Росоман,  дека  градежната фирма на нејзиниот сопруг и свекор,иако таа не е  во брак, во која таа има сопственички удел, започнала  со градба на стамбена зграда при што  им понудила, да купат два стана по многу поволни услови. При тоа  таткото  исплатил  на повеќе рати  22.880 евра во денаркска противвредност од 1.370.220,00 денари. Ќерката  делумно ги уплатувала на сметка на обвинетата во банките, а делумно на рака на обвинетата, а стамбената зграда воопшто не се изградила.

 Подоцна го довела во заблуда таткото, дека има намера заеднички со него да отвори ладилник и центар за откуп на земјоделски производи во Росоман, со што го навела да и исплати 35.000,00 денари за осигурување, а потоа и 5.000 евра, и уште 3.000 долари кои пари  ги добила  со цел таа да ги даде во Министерството  заради добивање парични средства од фондовите за поттикнување на земјоделскиот развој.  Обвинетата сите пари  ги земала за себе, а не е изграден ниту откупен центар, ниту ладилник за земјоделски производи.

Стојковска пред судот се бранела дека повеќето лица не ги познава, прв пат ги гледа во судницата, додека оштетените татко и ќерка и биле пријатели и тие и враќале пари, кои таа им ги дала како позајмица. Пресудата не е правосилна. Стојковска која била вработена во УЈП, но  поради дисциплински прекршок на работа добила отказ,  има обврска да врати два милиони денари на оштетените, во рок од шест месеци од правосилноста на пресудата. Ако тоа не го стори, ќе лежи затвор две години. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »