Петар Печков
Објавено: петок, 28 март 2014
Петтемина млади велешани, кои беа обвинети за кривичното дело „напад над службено лице при вршење на работи од безбедноста“ добија условни затворски казни.
Александар Костовски (19 год), Стојан Лазаревски (23 год), Никола Лазаревски (19 год), Жарко Здравковски (19 год) и Стефан Марков (19 год) се осудени на една година затвор, доколку во следенети три не направат друго кривично дело. Според обвинението на 28-ми мај лани во еден час по полноќ младинците нападнале полицајци додека тие биле на интервенција за заштита на јавниот ред и мир, оти од просторот кој бил најмен се слушала гласна музика, за што реагирале соседите.
При нападот еден полицаец добил удар со тупаница во глава при што му е скината аркадата, друг добил чаша в глава а на третиот полицаец е мавнато со метално барско столче, но за среќа бил промашен. Обвинетите негираат дека тие се сторители, не се сеќаваат кој ги удрил полицајците, но помнат дека службените лица биле арогантни и груби.
Тие според осудените се повредиле оти влегувале преку прозор од соседната просторија и дека полицајците биле тие што тепале. Полицајците пак со прст вперен во обвинетите посочија кој со тупаница му ја скинал аркадата на колегата, кој друг удрил со чаша в чело службено лице и кој мавал со метална столица.
Рекоа дека младите биле крајно агресивни, дрски и дека од толпата удирале по полицајците кој како ќе стигне. Адвокатите на обвинетите сметаа дека полицијата не смеела да интервенира оти немало еден час по полноќ, до кога можеле да работат угостителските објекти. Пресудата не е правосилна. Нивната младост била пресудна за изрекување на ваквата казна, објасни судијката.
Tweet |