Петар Печков
Објавено: вторник, 05 март 2024
Две млади момчиња, штипјани кои лани при бегство пред полиција во центарот на Велес, во пик ап кое превезувало мигранти, нападнаа полицајци, добија условни затворски казни.
Амер Ибраимов и Тамер Јусеинов и двајцата по 19 години, со издавање на казнен налог, во Основен суд Велес, осудени се на три месеци затвор, доколку во следната една година сторат било какво кривично дело.
Тие на 29 октомври лани во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, бегајќи со пикап во кои имало 23 мигранти од нив 10 деца, пред полицијата упаднале во канал, ископ од градежни работи.
Кога полицаецот ја отворил вратата, заради лишување на слобода на лицата, обвинетиот Ибраимов со нога го удрил по рака, и при обидот да ја затвори врата од неа го удрил повторно полицаецот.
Друг полицаец се обидел да ја отвори возачката врата за да го лиши од слобода возачот Усеинов, но при тоа со врата му ја фанал раката и го повредил.
Со стореното двете момчиња сториле кривично дело „Спречување на службено лице во службено дејствие“. За кривичното дело „криумчарење на мигранти“ на двете момчиња од Штип им се суди во Основен суд Скопје1.
Tweet |