Петар Печков
Објавено: петок, 11 јануари 2013
Две гатачки од Велес се осудени условно за измама, при што оштетиле велешанка за 500 евра. В. Р. И П.Р ја измамиле А. Т. ветувајќи и дека детето кое и е болно ќе оздрави ако им го даде златото кое го носела на себе. Двете пролетва откако тропнале на вратата од куќата на оштетената во населба Превалец, таа излегла држејќи го во рацете своето 15 месечно дете, а двете жени побарале пари за да купат храна за нивните деца, при што добиле 50 денари.
Кога виделе дека А.Т. има злато на себе, почнале да и зборуваат дека врз него е направена магија и поради што детето и е болно и дека ќе почине. За да не се случи тоа потребно е да се растури магијата и дека истото може да се направи доколку оштетената им го даде златото со кое располага. А.Т. се уплашила за своето чедо и ги дала златните предмети и тоа една златна огрлица, три златни прстени и венчалната бурма, во вкупна вредност од околу 30 илјади денари.
Подоцна оштетената сфатила дека згрешила и дека е измамена, по што случајот го пријавила во полиција а двете гатачки биле фатени. За ова дело , измама двете гатачки В.Р. и П.Р. кои се мајки на по три деца, добија условна казна затвор во траење од по 3 месеци доколку во времето од една година не сторат ново кривично дело.
Tweet |