Петар Печков
Објавено: вторник, 01 ноември 2011
Велешкито дебатерески тим го совои второто емсто на межународното натпреварување, кое минатито викенд се одржа во Скопје. Убав успех за Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска го освоија второто место на финалето дебатирајќи со тимот од Хрватска.
Во периодот од 28-30.10.2011 се одржа меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“во организација на Младинскиот образовен форум. Финалниот натпревар се одржа на Факултетот за туризам и менџмент во Скопје, на кое се натпреваруваа дебатерски тимови од Македонија, како и дебатери од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Романија и САД .
Тие дебатираа по тезите „ Државата треба да и даде приоритет на слободата на граѓаните пред безбедноста” и „Државата смее да воведе рестрикции на сите алатки за комуникација во случај на немири“, на кои младите дискутираа поделени во тимови, афирмирајќи или негирајќи ја зададената теза .
Tweet |