Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 јануари 2022
Велешките спортски екипи успешно ја започнаа 2022-тата година, резултатски. викендов две екипи од градот имаа настап и забележаа исто толку победи.
Со победа од 78:92, во првото коло од пролетниот дел на Втората лига стартуваа кошаркарите на КК Боец Баскет. Тие славеа во Скопје против екипата на КК Партизан Водно санс. И двете екипи идентичен број бодови по 16 а велешани им се реваншираа на скопјани за поразотна домашен терен, во првото коло есеноска 78:80.
Во Куп натпревар од /18 од футсал натпреварувањето, екипата на КМФ Кеги Моби од Велес победи во Кавадарци и тоа против прволигашот КМФГ Црна река со 5:9 (2:5). За потсетување велешани се натпреваруваа во Втората футсал лига, лидери се и со амбиции да влезат во Првата лига.
„Добра игра, многу голема самодоверба кај младите играчи и убедливи уште од самиот почеток со желба за победа“- го коментираа настапот во осминафиналето од КМФ Кеги Моби. Освен нив во четврт-финалето се пласира и екипите на КМФ Шкупи, КМФ Шкендија, КМФ Велес, КМФ Кардарку, КМФ Железарец, КМФ Арбен Бајрами, КМФ Проект.
Tweet |