Петар Печков
Објавено: среда, 31 август 2016
Велешките мотористи од МК Мото Велес освоија четири места на победничкото постолје, на првата мото крос трка годинава, едно прво, две втори и едно трето место. Таа се возеше на патеката Забел, кај Старо Нагоричане – кумановско.
Атанадиос Папаниколау Грк, кој есенва ќе вози за велешкиот клуб во класата МХ 450 беше втор, откако по двете возење во првото го освоил првото место а во второто возење второто место. Според велешани причина што и покрај доброто возење бил втор, е пократката втора патека која ја извозел Папаниколау. Тој вози и за велешкиот клуб и настапува во Грчкото државно првенство.
Во класата МХ2 двоен успех за велешани, Драган Ванов втор а Виктор Караколев трет. Победил фаворитот, битолчанецот Станковиќ.
Во класата МХ 85 најмладиот член на МК Мото Велес, Самир Бишевац од Оризари и остварил убедлива победа.
Во генерален пласман, на крајот од трката МК Мото Велес е второ пласиран, зад МК Ноќи волци од Скопје. Од клубот додаваат дека иако не се така финансиски моќни како останатите клубови и немаат своја мото крос патека, имаат одлични резултати, без поддршка од институциите.
Tweet |