Петар Печков
Објавено: петок, 27 јануари 2012
Во текот на првите три месеци од работата на проектот ,,Грижа за стари лица во домашни услови, волонтерите и медицинските сестри реализирале 720 посети. При ова тие извршиле 200 мерења на нивото на шеќер во крвта и 700 мерења на крвниот притисок. За овој период од донаторот се потрошени 48 илјади денари со кои се набавени лекови и помал дел хигиенски средства. Тие се распределени на 60-те корисника.
Задоволни се од досегашниот ефект на реализацијата и повратните реакции од старите лица. Тоа значи дека сме успеале со овој проект, кој че се реализра до септември 2013 година - рече д-р Мило Трајков претседател на Републичкиот Црвен Крст.
Проектот се реализра и во Крива Паланка и Скопје. Него го спроведуваат 2 работно ангажирани медицински сестри и 20 волонтери, кои добиваат надомест за патни трошоци.Локалната власт најави поддршка на проектот откако австријците кои ги финансираат, ќе завршат со нивната обврска.
Ќе продолжиме со овој прокет, кој е пторебен за оваа популација. Очеквуам дека ќе имаме позитивен одзив на пошироката заедница за да тој и натаму продолжи со реализација - изјави Горан Петров градоначалник на велес.
Tweet |