Петар Печков
Објавено: вторник, 18 септември 2012
Се бараат сите документи поврзани со подарувањето на Хотелот Вила Зора од општина Велес на општина Чашка. Ова стои во дописот кој вчера понеделник стигнал до локалната власт во Велес. Оваа информација за ТРМР ја потврдија и од општината.
Уставниот суд со ова ја започнал процедурата по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за подарувањето на Хотелот. Таа е оспорена од страна на СДСМ, но и побарана од Државниот инспекторат за локална самоуправа по нивното констатирање дека истата е незаконска и не произведува првни дејствија. Од општина Велес сите побарани акти, документи за овој случај веднаш ги препратиле до Скопје, до Уставниот суд.
Tweet |