речник контакт

Утврдени цените за користење на Градскиот базен

Се изнајмуваат и шанковите на објектот

Петар Печков

Советот ги утврди центи за капење на градскиот базен. УО На ЈП Парк спорт  понуди а Советот едногласно ги донесе цените.  Дневната цена е 60 денари, месечен билет е 1,2 илјади денари а сезонската  е 1,8 илјади денари.

Дел од советниците од опозицијата  сметаа дека цената на месечниот и сезонскиот билет е превисока, но од ЈП Парк Спорт и паркинзи со став дека сезоната за капење ќе трае до средината на септември и ќе може посетителите да ги искористат месечната или сезонската.

„Ударен или најмногу е користен е дневниот билет. Така било претходните години. Помалку се барани месечниот и сезонскиот билет“ - кажа Диме Лефков в.д. директор на ЈП ПСП.

Предложениот амандман од стана на опозицијата за децата до 5 години да не плаќаат билети, беше прифатен.

Советот одлучи да ги изнајмува трите шанка кои се таму, по цена од 18,5  илјади денари за шанк, месечно.  Имаше реакции зошто не се оди на електронско наддавање на шанковите, Лефков објасни дека ако се постапело така ќе се изгубело најмалку еден месец во процедури и постапки, поради што ќе се врши одредување на наем преку ждрепка.

Работното време на Градскиот базен  е од 9 наутро  до 1 часот по полноќ, додека капење е до 19 ч. На прашањето дали ќе има ноќно капење, Лефков рече дека за тоа ќе одлучат откако базенот ќе почне да работи.

фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »