речник контакт

Утре Водици, повторно од Мало мовче ќе се фрла крстот во река Вардар

Утринската литургија за Богојавление започнува во 8,30 во црквата Св. Спас

Петар Печков

По една година пауза поради пандемијата со корона вирусот, утре на Водици повторно ќе се фрла крстот од Мало мовче. За ова најавија од Повардарската Епархија со седиште во Велес.

Утринската литургија за Богојавление започнува во 8,30 во црквата Св. Спас, - од каде потоа литијата ќе тргне кон Мало мовче. Чинот на фрлањето на крстот треба да се случи околу 11,30ч. На литургија ќе чиноначалствува Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија.

„Оваа година на големиот христијански празник Богојавление - Водици, повторно ќе биде возобновена благочестивата традиција на фрлање на Чесниот и Животворниот Крст во водите на реката Вардар“- пишува во информацијата од Повардарска Епархија.

Според најавите сите случувања, поради пандемијата со ковид-19, ќе бидат на отворено. На просторот од паркингот до Мало мовче, ќе бидат поставени шатори на АРМ, каде екипите на Итната помош ќе ги прегледуваат лица кои се пријавуваат.

На истото место ќе биде извршено и примопредавањето на златниот крст на лицето кое ќе го фати од водите на реката Вардар. 

На Водици   Света Златоустова Литургија ќе се служи и во храм Св. Кирил и Методиј и во  храм Св. вмч. Пантелејмон   со почеток во 9 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ во дворот на храмот со почеток 11.00 часот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »