речник контакт

Утре матичните лекари нема да работат со пациенти за „мој термин“

Незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период

Петар Печков

Утре матичните доктори во земјава нема да работат со пациенти за користење на  „мој термин“  туку само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.

„Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата. Малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018-та. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18 илјади, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места, каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни  лекари и затоа го правиме овој протест“ -кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични доктори -ЗПЛМ.  

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За утре била побарана средба од заменикот министер за здравство, која е закажана за попладнето.    Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од  1,8  илјади се намалил на 1.436.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »