Петар Печков
Објавено: среда, 16 март 2022
Командата за Обука и доктрини од Армијата на Република Северна Македонија, како дел од транспарентно прикажување на активностите кои можат да предизвикаат зголемен интерес, ги информира граѓаните на општина Велес дека утре, 17.03.2022 година, во време од 08.00 до 14.30 часот, на полигонот за обука „ГРООТ“ – во околината на Топилница, ќе се изведуваат активности во кои ќе се користат вежбовни артифиции.
За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката на Центарот за индивидуална обука од Касарна „Алексо Демниевски - Бауман“ Велес, повремено ќе се слушаат звуци од вежбовните средства кои се користат.
Наведените активности се дел од месечните Планови за изведување на неопходната обука на припадниците на единицата во теренски услови при што се преземаат сите неопходни превентивни мерки за безбедност за извршителите и околината.
Согласно процедурите со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на општина Велес.
интегрално соопштение на Командата за Обука и доктрини од Армијата на Република Северна Македонија
фото Снежана Попова
Tweet |