речник контакт

Утринскиот воз од Битола за Скопје поради опожарени прагови пристигна во Велес со осум часа задоцнување

Праговите биле на железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско

Петар Печков

Утрово патничкиот воз од Битола за Скопје не допатувал во предвиденото време, на железничка во Велес. Наместо во 5,40ч. пристигнал во 13,30 ч по што продолжил за Скопје.  Возот доцнел без малку осум часа, бидејќи праговите на дел од пругата  кај Прилеп биле опожарени. За ова информираа од Центарот за управување со кризи.  

„Вчера интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп, гаснеле запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово“ - соопштија од ЦУК.

Со неговото заминување за Скопје, извесно е дека попладневниот патнички воз од Скопје за Битола ќе тргне, но не е познато со колку минути задоцнување.

Според последните информации возот тргнал во 16ч.

Ова е трет случај последниот месец како поради опожарување на прагови, железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно беше во прекин. 

Згора на тоа сега од Скопје за Битола и обратно,  сообраќа само по еден воз на ден.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »