речник контакт

Утрово, понеделник, во 5 и 32 ч. стигна летото

Не очекува топло и суво лето, со натпросечни температурни вредности

Петар Печков

Утрово, понеделник во 5:32 часот астрономски стигна летото, на северната Земјина  хемисфера. Истовремено на Јужната стигна зимата. Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 49 минута а ќе заврши на 22 септември во 21,21 часот кога ќе дојде есента.   Денес го имаме најдолгиот ден, сонцето во Велес  изгреа во 4:58 а ќе зајде во 20:10 ч или денот ќе трае 15 часа и 12 минути

Оваа година нѐ очекува потопло  и суво лето, со позитивни отстапувања на температурата на воздухот од многугодишните просеци и врнежи во рамките на просекот.

За територијата на нашата земја, надминувањето на температурите е предвидено до 3°C во североисточниот регион, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Ова го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи повикувајќи се на прогнозите од Европскиот центар за среднорочна прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски центри за прогнози.

Според анализите, за целиот југоисточен регион на Европа се предвидува летните температури да достигнат натпросечни вредности.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »