речник контакт

Утрово во 3,54 стаса есента

Не очекува врнежлива, бурна есен со просечни температури

Петар Печков

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 3.54 часот астрономски започна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.

На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 8 минути. Сонцето во Велес изгреа во 6.21 ч. а  ќе зајде во 18.29 ч. Рамнодневицата ќе биде на 26-ти септември, кога денот и ноќта ќе траат по 12 часа. 

Есента ќе трае  89 дена, до петок  21 декември кога официјално ќе настапи зимата.

Каква есен не очекува, според метеоролозите? Бурна. Или ќе  се почувствува значајна промена со влажно време од октомври до ноември. Зголеменото влажно време, исто така, ќе ја ограничи топлината низ регионот. Додека септември, најверојатно, ќе биде потопол од нормалниот месец, приближно до просечните  температури се очекуваат од октомври до ноември. Со врнежите  ќе се зголеми ризикот за поплави и лизгање на земјиштето.

извор: . https://www.accuweather.com/en/weather-news/2018-europe-autumn-forecast-warmth-to-dominate-from-uk-to-ukraine-wildfires-to-remain-a-concern/70005760

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »