речник контакт

Утрово кај железничка станица Кадина река, еден од патнички вагони на утринскиот воз за Гевгелија се излизгал од шините, повредени нема

Железничкиот сообраќај во застој

Петар Печков

Еден од  трите вагони на утринскиот патнички  воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините. Според Македонски железници нема повредени. Од шините околу 7 часот, излизгал вториот од трите вагони.

Според патниците кои во тоа време патувале за Велес, инцидентот се случил кога патничкиот воз од железничка станица Кадина река поаѓал за крајната дестинација Скопје. Бидејќи се случило на колосекот кој води за главниот град, железничкиот сообраќај на релацијата Велес- Скопје е во прекин.

„Екипата е веќе упатена кон местото на настанот со железничко возило.  Поради непристапност на самата локација и се очекува во најкус рок да бидат отстранети последиците од вонредниот настан и воспоставување на железничкиот сообраќај“ - соопштија од МЖ Инфраструктура.

Во правец на Кадина река, утрово бил упатен патнички воз кој ги презел патниците  од Гевгелискиот и тие се веќе стигнати во Скопје. Поради инцидентот не сообраќа утринскиот  патнички воз од Скопје за Битола и  претпладневниот од Скопје за Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »